Општина Гази Баба ќе субвенционира купување инвертери и печки за пелети

434

Општина Гази Баба објави јавни повици за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди и за набавка на печки на пелети за граѓаните за 2023 година.

Право на учество на јавните повици имаат жителите на oпштина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект), односно кои ќе купат печка на пелети  за затоплување на своето домаќинство (станбен објект)  од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди.

Оваа мерка за субвенционирање на граѓаните е уште една во низата проекти кои се реализираат во општина Гази Баба во насока на заштита на животната средина.

Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат на јавните повици и да ја искористат можноста за субвенциии кои ги доделува општината.

Јавните повици ќе траат до 30.11.2023 година, односно се до  исцрпување на финансиски средства  наменети за оваа цел од буџетот на Општина Гази Баба.