Гави е (не)реална желба

116

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Челзи, се обидува на секаков можен начин да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на каталонскиот гигант Гави. Иако новопечениот репрезентативец на Шпанија потпиша нов договор со Барса, раководните лица на лондонските „сини“ се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за неговото обештетување. И покрај богатата понуда, каталонскиот гигант сигурно нема да седне на преговарачката маса.