Кај македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова мајката природа ич не се штедела кога ѝ ја давала убавината. Додека ја гледате, дали во живо или на сликите, не можете да одредите кој дел од телото ѝ е поубав. А, можеби тоа ѝ се очите? Токму во очите на Сузана се гледа голема промена. Тоа што го немаше досега Гавазова, тоа е бојата на очите. По нејзин вкус! Темнокафените очи, пејачката ги “замени“ со светлосини леќи. Со тие леќи погледот на Сузана сега е во фокусот на интересирањето на нејзините фанови кои со право не ги симнуваат своите погледи од заводливите очи на Сузана.
– Гавазова е топ со очите, каква прекрасна трансформација, и јас ќе си ставам такви леќи, коментирааат гласно и јасно и жени и мажи. А, популарната пејачка е свесна дека со таков поглед кој ни го праќа преку сините леќи повторно направи земјотрес на естрадата. Во овој меѓупростор со леќите, додека нестрпливо чекаме на нејзината нова песна, како новогодишно-божиќен подарок за обожавателите и во Србија и во Македонија.  Дуле М. /foto:FB/