Габигол се сели во Англија

81

Најголемата ѕвезда во дресот на бразилскиот гигант Фламенго, Габриел Барбоса, кој е попознат како Габигол, сака својата фудбалска кариера да ја продолжи во англиската Премиер лига. Повремениот репрезентативец на Бразил потврди дека ја игра последната сезона во „црвено-црниот“ дрес, а британските медиуми открија дека најголем интерес за услугите на поранешниот фудбалер на Интер покажуваат челниците на Арсенал и на Њукасл.