В сабота и недела ќе се прска против комарци

38

Втората фаза од дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се изврши наредниве денови.

– Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива утре и в недела во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од понеделник до петок во период од 22 до 03 часот, наредниот ден. Дополнително, терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши на 22-ри јули среда во период од 8 до 17 часот – информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.