В понеделник во Струга ќе се врши прскање против комарци

35

На подрачјето на општина Струга в понеделник ќе се врши теристичка и аеросолна дезинсекција против комарци.

Запрашувањето од земја, како што информира Општина Струга, ќе се реализира од 20 часот до раните утрински часови следниот ден со апарат за УЛВ ладно запрашување.

– Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден, се наведува во општинското соопштение.

Со дезинсекцијата, според информацијата, ќе бидат опфатени сите населени места.