В понеделник Апелација ќе одлучува за затворот на Јанкулоска

103

Во Апелациониот суд в понеделник, на 28 јануари треба да се одржи седница за пресудата на судијката Добрила Кацарска за издвоената постапка за предметот „Тенк“, во која на затворска казна од 6 години беше осудена ексминистерката Гордана Јанкулоска.

Ако судот и ја потврди казната, според Законот за извршување санкции, Јанкулоска може да бара одлагање на извршувањето поради мајчинството бидејќи нејзиното дете се уште нема наполнето една година.

Според пресудата на скопска единица за предметот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски нарачал луксузен „мерцедес“, Јанкуловска го поттикнала тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски да испланира јавна набавка на која ќе се јави договорениот понудувач „Мак аутостар“..

За истиот случај осудениот Никола Груевски доби 2 години ефективна казна затвор. Апелација му ја одби жалбата и му ја потврди казната. Осуден останува и обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски, на кого наместо 6,6 години затвор, судот му изрече 4,6-годишна затворска казна.