В недела повеќе улици во Скопје без вода

111

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Тодор Александров“, број 38, в недела, прекинатото водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Ацо Караманов“, дел од „Караорман“, „Периша Савелиќ“, „Ловќенска“ – краците: 3,5,7 и 9 и дел од „Загребска“, вклучително ЈЗУ Болница Козле, претседателските вили и сите дипломатски претставништа на наведените улици , соопштија од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.