Владата ќе реши дали ќе има продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово

217

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог да биде воведен полициски час во Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро во 05 часот.

Во останатите градови се предлага полицискиот час да биде од 16 часот до 5 часот наутро, секој ден.

Предлогот на Комисијата ќе биде доставен до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.

На состаникот, кој го свика министерот за здравство Венко Филипче беа присутни членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.