Двократниот европски шампион Вардар 1961 и покрај многуте заминувања на играчи во летниот преоден рок, успеа навреме да создаде нов силен тим и одлично да ја отоври сезоната. Новите играчи се покажаа и како клучно фигури за целиот тим во натпреварите од најсилното клупско натпреварување Лигата на шампионите. Еден од нив е и 26 – годишниот хрватски репрезентативец Анте Кудуз.

Не многу играчи на негова возраст можат да кажат дека имаат толкаво искуство. Меѓутоа и тој имаше подми и падови во својата кариера, но тоа направи само да стане подобра лчност и подобар ракометар. Тој во интервју за СЕХА Лигата, зборуваше за неговата лога во тимот на Вардар и како е да се работи со тренерот Веселин Вујовиќ.

-Вујо без сомнениее еден од најдобрите тренери со кој сум работел. Тој има специфичен пристап. Тој е многу страсен за играта, што е една од главните причини зашто почнавме добро во Лигата на шампионите. Тој сака борци на теренот и верувам дека јас сум еден од тие борци. Тој прави се со намера да му помогне на тимот да биде подобар од натпревар во натпревар. Кога пристигнав во Скопје, тој ми рече: Тис си единствениот вистински бек – шутер во тимот и јас сакам да го докажеш тоа кога ќе бидеш на теренот. Твојата работа е да горат противничките мрежи! Досега ни оди одлично заедно и верувам дека така и ќе остане, откри Кудуз.

Тој беше запрашан и каде се гледа за пет години, но на ова прашање не даде конкретен одговор.

-Навистина е тешко да се каже, најдобро би било за тоа да разговараме по пет години. Се што поминав ми помогна да станам играч каков што сум денеска. Не беше лесно на сите да им докажам за што сум способен. Она што ми е најважно во моментов е да уживам во играта, чувствувам дека трансферот во Вардар беше вистинска одлука за мене, заврши Кудуз.