Вучиќ се повлекува од политиката, сака да му се посвети на семејството

120

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во мај ќе се повлече од претседателската позиција на владејачката Српска напредна партија. Тој десет години е на челото на партијата. Вучиќ веќе размислувал и кој ќе го наследи.

„Во главата веќе имам четворица кандидати за наследник. Време е за нови луѓе, јас сум веќе 10 години на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам да загрозам што било пред тоа и победата на партијата на изборите“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека сака, како што вели, да ужива во секојдневни работи од кои политиката го оддалечила.

„Би се зачудиле кога би кажал дека и јас имам топлина и емоции, понекогаш сум и јас човечко суштество, си кажувам дека ова го можам, а ова не. Не сум бил ни еден ден на море, можеби сум сакал да бидам нормален, обичен човек… Да видам што ми прави ќерката, малиот син да го однесам на џудо, кошарка, големиот веќе не ме рецка два отсто“, изјави Вучиќ на телевизијата К1.

На прашањето дали би се вратил на премиерското столче, Вучиќ одговара со прашањето: „Па дали навистина мислите дека тоа е возможно?!“.

Тој истакна дека живее за тоа што ќе се пишува за 50 години, пренесува Б92.