Вучиќ се вакцинираше со кинеската „Синофарм“

70

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја посети Рудна глава, каде беше вакциниран со кинеската вакцина „Синофарм“ против коронавирус.

Вучиќ вакцината ја прими во Здравствената станица Рудна глава на Здравствениот дом Мајданпек., а по пристигнувањето во Здравствениот дом му донесе цвеќе на медицинскиот персонал.

„Јас дури и не го чувствував тоа, д-р Анита има лесна рака “, рече Вучиќ.

Заклучно со вчера во Белград вакцинирани се 472.572 или 33,57 отсто полнолетни граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Од почетокот на масовната имунизација, во Белград се дадени 813.332 дози вакцини за вакцинација и ревакцинација, соопшти градскиот секретаријат за информации.

Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија изјави дека досега во Србија се регистрирани 736 несакани ефекти на сите вакцини против коронавирусот.

„Вакцината е ефикасна, безбедна и можеме да видиме излез“, изјави Зелиќ за РТС и посочи дека меѓу починатите нема лица кои биле двапати вакцинирани.

Кога станува збор за несаканите ефекти врз вакцините, Зелиќ изјави дека до понеделник напладне се регистрирани вкупно 736 несакани ефекти на сите вакцини, претежно на „Синофарм“ – 263.