Вучиќ : Одиме ли на трета доза, нека кажат јасно? Нешто ќе мора да се преземе!

1929

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија има 1.300.000 слободни  вакцини и дека нивниот рок не истекува.

За време на отворањето на Здравствениот дом во Борча, тој рече дека најверојатно ќе треба да одиме со трета доза, па затоа побара од епидемиолозите и лекарите да донесат јасна одлука за тоа.

„Не треба повторно да ја затвораме земјата. Можеме веднаш да вакцинираме колку што дозволуваат нашите капацитети, 100 000 луѓе за еден ден“, рече претседателот на Србија и ги повика сите што не се вакцинирале да го сторат тоа.

„Тоа не значи дека ние, кои сме вакцинирани, нема да бидеме заразени, но шансите да преживееме ако повторно се заразиме се над 90 проценти“, истакна Вучиќ, потенцирајќи дека сите што се вакцинираа се добро.

На антиваксерите им порача да престанат со неодговорното однесување.

„Наскоро ќе ја имаме и петтата вакцина, ја купивме Модерна, ќе пристигне во октомври. Наскоро ќе излеземе со вакцината произведена во нашата земја, а очекувам и почеток на полнење на кинеската вакцина “, рече Вучиќ.