Вулин: Проверуваме сè што е поврзано со Периш – од „идиотски порно видеа, до изјави на видовити луѓе“

1727

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави за РТС дека српската полиција ја отфрли можноста за напад во врска со случајот со исчезнатиот  Хрват, Матеј Периш, особено етнички мотивиран напад. Тој напоменува дека го следеле движењето на сигналот на мобилниот телефон и дека тоа се совпаѓа со претпоставката дека Матеј бил во реката.

Александар Вулин за РТС изјави дека полицијата ја следела линијата на движење таа кобна ноќ и дека сега трага по телото.

„Полицијата ја исклучува можноста за напад, особено етнички мотивирано насилство. Имаше обиди оваа трагедија да се сведе на ниво на национален конфликт. Белград е безбеден, отворен град. Ова е трагедија и српската полиција ќе направи се за да се расветли. Тука беше и хрватската полиција, која се увери во нашата посветеност и ни оддаде признание за она што го работиме. Ќе продолжиме да бараме и нема да застанеме додека не ја дознаеме вистината“, рече Вулин.

Вулин напоменува дека се ќе може да се каже оној момент штом ќе заврши истрагата.

„Ние не донесовме заклучок, само ги следевме фактите, па кога дојдовме до фактите кои не доведоа до заклучокот, тогаш го презентиравме“, рече Вулин.

Според него, во четвртокот полицијата извршила претрес на Големиот воен остров.

„Времето е лошо, студено е. Го правиме тоа што бараат експертите, а тие велат да ја следиме реката и ќе ја следиме додека не дојдеме до вистината“, нагласи Вулин.

Тој посочува дека го следеле движењето на сигналот од мобилниот телефон и дека се совпаѓа со претпоставката дека Матеј бил во реката.

„Ги следите базните станици што ја покриваат областа и го гледате мобилниот телефон како се движи низ реката, што се совпаѓа со фактот дека Матеј во тоа време бил во реката. Да го игнорираме тоа, заклучокот ќе биде непобитен во моментот кога ќе заврши истрагата. Ниту една информација не ја оставивме на страна. Ги проверивме и изјавите на видовитите, соседите и „идиотски порно видеа“ во кои некој наводно личи на Матеј. Српската полиција нема на што да си замери“, заклучи Вулин.

Дали Големиот воен остров ја крие тајната за исчезнатиот Матеј Периш?