Втор круг од претседателските избори во Еквадор

19

Граѓаните на Еквадор денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори, на кој ќе се одлучи меѓу двајцата кандидати дали земјата во следните четири години ќе остане на пазарниот курс или ќе се врати во социјализам.

Првиот круг од претседателските избори, одржан во февруари, му припадна на економистот, левичарот Андрес Арауз, кој освои 33 проценти од гласовите, а негов главен ривал е банкарот и трикратен претседателски кандидат, Гилермо Ласо, кој освои скромни 20 проценти од гласовите.

Околу 15 проценти од гласовите на неопределените избирачи ќе бидат клучни за победа на претседателските избори.

Двајцата кандидати апелираа до гласачите да ги пријават сите неправилности до надлежните органи за време на изборниот процес.

Изборната комисија вечерва по локално време ќе ги објави првичните резултати од денешните избори.

Извор: МИА