Во последниот пресек, нема ниту една смртен случај од ковид-19, информираше Министерството за здравство, воедно ова е втор ден по ред без смртни случаи како последица на коронавирусот. Покрај денеска и вчера, починати лица не беа регистрирани и во неделата на 13 јуни.

Министерството за здравство информираше и дека во последното деноноќие регистрирани се 15 новозаразени од 2 802 тестирања.

Новите случаи се во: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.

Девет општини, пак, во моментов се без активни случаи: Кавадарци, Свети Николе, Берово, Пехчево, Дојран, Демир Капија, Богданци, Пробиштип и Ресен

Активни се 421 случај

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 583, бројката на оздравени пациенти е 149 690, на починати е 5 472, а бројот на активни случаи изнесува 421.