Втора рекреативна планинарска тура „Кучково 2023“

136

Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт и Општина Ѓоче Петров утре во 10 часот ќе се одржи втора рекреативна планинарска тура „Кучково 2023“.

Должината на патеката е 15 километри и тоа од Стопански двор кон крстот на Кучково и назад.

Зборно место е манастирот „Мала Богородица“ во Стопански двор, а враќањето назад кон Стопански двор е околу 15 часот.