Втора мајка за избор на фирма која ќе ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

169

Тринаесетти август (четврток) е последниот рок за достава на понуди на вториот тендер што го распиша општина Чаир во кој се бара фирма која ќе отстранува бесправно изградени одбјекти на територијата на оваа скопска општина.

На првиот јавен повик не се јави ниту една форма за да ја преземе оваа улога, вклучително и да ја отстрани дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“. 

Од Општина Чаир се зачудени што никој не пројавил интерес и не доставил апликација, со оглед на тоа што во тендерот не се барале некои посебни услови.

Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради од, за надлежните, непознат сторител. Затоа, општината решението за уривање до непознат сторител го објави во Службен весник.

(С.Бл.)