Втората Скулпторска колонија „Велес 2020“ од 9 до 22 октомври

97

Во организација на Општина Велес од 9 до 22 октомври ќе се одржи втората Скулпторска колонија „Велес 2020“, со која ќе координира професорот Илко Стојановски, кој ќе го направи и изборот на учесниците. Како и лани, учесниците ќе работат со рециклиран материјал со отпадно железо, метал дрво и мермер.

Поради актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19, учесниците ќе творат во своите ателјеа, а од страна на општината ќе им бидат обезбедени работните материјали, превозот на делата и се што им е потребно. Создадените дела ќе бидат изложени по повод празникот на градот 9 – ти Ноември.

Делата-скулптури во железо и мермер од првата Скулпторска колонија „Велес 2019“, Општина Велес трајно ги постави на неколку јавни површини во градот и тоа во Младинскиот парк и паркот во кругот на Офицерски дом, а наспроти велешкиот театар.

Целта беше во нивната убавина да уживаат сите граѓани и посетители и туристи на Велес и тие да прераснат во своевидна атракција на градот.