Вселенскиот патријарх му го прости гафот на Заев со руските пранкери!

- Фактот дека Вселенскиот патријарх ја прифатил средбата со Зоран Заев е знак дека му го простил гафот со руските пранкери од јули минатата година. Тогаш, за потсетување, Заев во разговорот со лажниот украински претседател Порошенко изрази подготвеност да донира 100.000 евра во контекст на решавањето на македонската црковна автокефалност. Тоа се налепи на руските тврдења дека и автокефалноста на Украинската црква е платена со пари кај Вартоломеј, изјави Ѓорѓевски за весникот ВЕЧЕР. Тој вели дека оваа средба, овој прием покажува дека Вселенскиот патријарх го заборавил тој случај и дека не се дистанцира од Заев.

93

Вселенскиот патријарх Вартоломеј очигледно му го простил гафот со руските пранкери на Зоран Заев, од јули минатата година, кога им рече дека спремен да  плати 100 илјади евра за афтокефалност на МПЦ-ОА. Затоа и го поканил во седиштето на Цариградската патријаршија да присуствува на состанокот заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Вака, верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски го коментира средбата во Фанар што се оствари денеска.

-Фактот дека Вартоломеј ја прифатил средбата со Заев е знак дека му го простил гафот со руските пранкери од јули минатата година. Тогаш, за потсетување, Заев во разговорот со лажниот украински претседател Порошенко изрази подготвеност да донира 100.000 евра во контекст на решавањето на македонската црковна автокефалност. Тоа се налепи на руските тврдења дека и автокефалноста на Украинската црква е платена со пари кај Вартоломеј, вели Ѓорѓевски за весникот ВЕЧЕР. Тој, смета дека приемот покажува оти Вселенскиот патријарх го заборавил тој случај и дека не се дистанцира од Заев.

-Значи, не му е страв од руските обвинувања за „плаќањето на автокефалности“ а што е мошне добро за наше црковно прашање. Во прилог на ова оди и фактот што Заев е сега примен само како лидер на СДСМ и не е државен функционер, но сепак Вселенскиот патријарх решил и тој да биде дел од делегацијата. Тоа на свој начин охрабрува и праќа порака до црковна Москва но, и Белград, бидејќи Заев е потписник на писмото во кое се бара помош на Цариград во решавањето на нашето црковно прашање, вели Ѓорѓевски во изјава за весникот ВЕЧЕР. Тој приемот го оценува како позитивен момент во процесот на решавање на македонското црковно прашање.

– Значи, многу охрабрувачка и ветувачка средба по која одлуките и натаму се во рацете на Вселенскиот патријарх. Стравувам само дека заради состојбата во Црна Гора дека Вартоломеј ќе се воздржи од преземање на порадикални потези во овој период, но мошне добро е што се случи средбата, додава аналитичарот за весникот ВЕЧЕР.

Средбата, како што соопшти владината прес-служба, се остварила како резултат на поканата што вселенскиот патријарх ја упатил до Зоран Заев додека беше премиер на Владата на нашата земја.

– Средбата во седиштето на Цариградската патријаршија се одржа во пријатна атмосфера и во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците, се додава во соопштението од владината прес-служба.

Како што соопшти СДСМ, лидерот на партијата Заев на средбата изразил надеж дека Патријархот Вартоломеј и оваа година, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за наоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и сите православни верници ширум светот.

Премиерот Спасовски и претседателот на СДСМ, Заев, на средбата упатиле покана Патријархот Вартоломеј, кој ужива голема почит и силна поддршка од сите православни верници во  нашата држава да ја посети Северна Македонија и да се сретне со верниците од православна вероисповед.

Инаку, и досега со Вартоломеј средби имале наши државни претставници како Ѓорге Иванов, Владо Бучковски и други наши функционери.  (Е.А.)