Врчак се враќа на музичката сцена

453

Раперот Раде Врчаковски – Врчак  најавува нешто ново и нешто големо за неговото враќање на сцената. Тој преку неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека по завршувањето на здравствената криза ќе ја изненади публиката со нов албум. Toj откри дека за новиот материјал соработувал со менаџерот на Бруно Марс.

„8.15.2019 Нај убавото момче во LA.  Снимавме producer featuring музички албум во LA со инжињерот на Бруно Марс во PARAMOUNТ STUDIOS – музичкиот албум е американски со артисти Лос Анџелес (a има и изненадувања). Пејачите се предобри, велат песните се сон, на аудициите имаше и една девојка која како мала има пеено пратечки вокали на Jenet Jekson.

Инжињерот на Бруно Марс (со кого работев по препорака на моите професори од Беркли) има работено на песни со миљарди гледаност (актуелен е многу, има за Jason Derulo (Swalla, breathing) работено) – вели, како и целиот тим, дека е албумот е еден од најдобрите и најдобро испродуцираните музички албуми што ги чуле во животот, вклучвајки и еден GRAMMY AWARDS номени соработник кои воедно кажа дека текстовите се најдоби музички текстови напишани во Американската музичка историја, велат мегахит по мегахит е цел албум. Yea, ALWAYS THE BEST! (јас завршив како почесен скрос одличен студент во Америка high school и на Беркли исто – ме обожаваа професорите – имам среќна звезда). Љубовен музички албум е, ќе напишам подетално се на ФБ. ако има време во следен пост. Спремете се за изнедадување идната година по завршување на кризата. Идеата за албумот ми дојде на еден преубав летен одмор на море, по една преубава случка. Полн со љубов во пријатните чуства од нај големата организација против робства и злоупотреби на животињата во државата која ме направи HERO против робства на животинчиња – целиот албум го правев од срце и со план секоја една песна да е подобра од секој еден билборд број 1 што беше хит летото – за да дојдам до внимание и да се пренесе порака против робства и злоупотреба на животинчињата world wide со нај големи можни успеси“, истакна Врчак.