Врховниот суд ќе ги преиспитува пресудите на Груевски и Јанкулоска во „Тенк“

142

„Тенк“ е првиот предмет на поранешно СЈО за кој во Врховен суд ќе се преиспитуваат донесените правосилни пресуди по неколкумесечно одлагање, а неделава двајца врховни судии треба да реферираат за пресудите на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пренесува БИРН.

Во случајот со набавката на мерцедесот од 600.000 евра на петте судии ќе им биде потребно дополнително време за да ги проучат списите, а потоа може да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите.

Судијата Ристо Катавеновски ќе го изнесе предметот во кој адвокатите на осудените бараат од највисокиот суд да ја преиспита двегодишната затворска казна за Груевски, како и четири и пол годишната затворска казна за поранешниот-помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.Одбраната бара да се преиспита евентуалната застареност, ги оспоруваат и бомбите како доказ, како и начинот на водењето на записниците и изведувањето на доказите.

Судијата Џемали Саити ќе известува за досудената четиригодишна затворска казна за Јанкулоска, за која нејзината одбрана бара да ѝ се провери законитоста на постапката поради сторени баводни