Балското здолниште во темно виолетова боја што го носеше принцезата Дијана е продадено за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.

„Култното здолниште на принцезата Дијана која е керација на дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, речиси 500.000 долари над проценката – по рунда жестоко наддавање во аукциската куќа Сотби“, се вели на Твитер.

Сотби во новиот твит нагласи дека темновиолетовата креација ја „запечати својата судбина како највредно здолниште што е некогаш продадено на аукција“.

Проценето од Сотби на сума помеѓу 80.000 и 120.000 долари, тоа беше дел од колекцијата од 80 здолништа на принцезата Дијана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели.

Тогаш креацијата на Еделштајн беше продадена за 24.150 долари и остана кај истиот сопственик до петокот, објави Сотби, но не откри кој е новиот сопственик на вредното здолниште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sotheby’s (@sothebys)