Времето денес: Облачно, влажно и топло

156

Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 15 до 21 степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И: Жителите на хрватско село се неверојатно богати

Во Скопје ќе биде претежно облачно со сончеви периоди. Попладне се очекуваат врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.