Времен сообраќаен режим на улица „Бихаќка“

95

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре поради завршно асфалтирање на улицата „Бихаќка“, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од сообраќајницата, и тоа  на потегот од  улицата „Востаничка“ до влезната капија на МВР.

Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.