Времен сообраќаен режим  на дел од улицата „Босна и Херцеговина“

189

Од Градот информираат дека на дел од улицата „Босна и Херцеговина“, од раскрсницата со улицата „Индира Ганди“, булеварот „Македонско Косовска Бригада“ и улицата „Словенија“, па се до раскрсницата со улицата „Кемал Сејфула“ и улицата „Александар Урдаревски“, поради градежни работи за изведба на втората фаза од реконструкцијата на оваа сообраќајница, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните работи на улицата.

Градските власти апелират до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.