Времен режим на булевар „Киро Глигорoв“

67

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ги известува граѓаните дека в недела на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот „АСНОМ“  сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот, во периодот од 7  до 19 часот.

Од претпријатието апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.