Враќањето на Кубица во Ф1 се претвори во фијаско

105

Иако сите со возбуда го чекаат враќањето на Роберт Кубица во Формула 1 по цели осум години, таа приказна би можела да се претвори во дебакл по лошите предсезонски тестирања на патеката во Барселона.

Имено, во 2011 година персепективниот Полјак настрада при возење на едно рели во Италија, во текот на подготовките за новата сезона во Формула 1. Повеќекратните скршеници на раката се чини дека му ја упропастија кариерата на момчето кое важеше за многу перспективно, а воедно беше и најбрз возач во својата генерација. Шест години подоцна повторно седна во Ф1 болидот и покажа дека може повторно до успех, но сепак остана само тест возач, за на крај да добие зелено светло во редовите на Вилијамс и повторно да се врати на патеката.

Долгоисчекуваниот момент ќе се случи сезонава, но исто така се најавува и целосен дебакл. Не само што тимот на Вилијамс доцнеше со довршување на спецификациите околу болидот, притоа моментно важи за најспор болид, туку и Роберт Кубица не се чувствува подготвен за предизвикот кој следува.

  • Таква е ситуацијата, не можам да го променам тоа. Се враќам во Ф1 по осум години, но ме загрижува тоа што не успеав да врзам повеќе од 15 кругови во низа во претсезонските тестирања. Ме мачат многу прашања, но реалноста е таква и тоа не можеме да го промениме, призна 34 – годишниот полски возач кој во Барселона извозе 268 кругови.

Проблем за победникот на трката за Големата награда на Канада од 2008 година е тоа што крај себе, како трет возач, ќе биде младиот и талентиран Џорџ Расел. Поради него, Кубица би можел да остане без место во болидот, а со тоа и кам – бек во Ф1.