Врањеш ќе биде нов тренер на Кристијанштад

56

Шведскиот ракометен стручњак Љубомир Врањеш е подготвен за нов ангажман во Лигата на шампионите, а еден од првите ривали на трофејниот стратег ќе му биде македонскиот првак Вардар. Шведскиот шампион Кристијанштад веќе извесно време води преговори со Врањеш и се очекува договорот да биде потпишан до крајот на месецов, за екс-тренерот на Фленсбург и на Веспрем да се врати во татковината и да се обиде да го одведе Кристијанштад во нокаут-фазата од ЛШ.

Ола Линдгрен, кој во моментов седи на клупата на овој клуб, веќе разговарал со управата на клубот околу условите за предвремен раскин на договорот.