Еден ден по елиминацијата во групната фаза на Европското првенство, падна првата селекторска „жртва“. Најголемото разочарување на турнирот во Словачка и Унгарија, селекцијата на Словенија „сврти нов лист“. Имено, Љубомир Врањеш не е повеќе предводник на репрезентацијата на Словенија, по испаѓањето во првата фаза и двата порази од Данска и Црна Гора. По доаѓањето дома федерација експресно му врачи отказ.

Во следниот период федерацијата ќе го избере новиот селектор, а низ медиумите во Словенија се споменуваат повеќе имиња. Најсериозни кандидати се тренерот на Тримо Требње, Урош Зорман, австрискиот селектор Алеш Пајовиќ, поранешниот селектор Борис Дениќ и тренерот на Нексе, Бранко Тамше.

Словенија ја чека судбина како македонскиот националец тим и во март оваа година ќе го игра првиот од двата баражи за пласман на следното Светско првенство.