Вратен е долгот од 5,5 милиони евра

91

Општина Карпош никогаш не била поликвидна. Ова се  гледа од Завршната сметка на буџетот на Општина Карпош за 2022 година која беше озгласана на последната седница на Советот. Како што информираат од локалната самоуправа вратени се сите пет и пол милиони евра долг.

– Во моментот се исплатени сите фактури од јануари и февруари 2023 година.Прв пат од постоењето на општина Карпош исплатени се и јубилејни награди. Од овој месец зголемени се и платите на вработените за 4.000 денари бруто износ – соопштија од Општина Карпош.