Вработени од АД „Бутел“ вербално ги спречиле да си ја вршат работата

302

Оперативни  работници на јавното претпријатие „Лајка“ во понеделникот, во 14 часот, биле вербално нападнати и спречени да си ја вршат својата тековна работа од страна на вработени од Акционерското друштво за погребни и придружни активности „Бутел“.

Како што информираат од „Лајка“ кучињата буквално им биле одземени од раце, но и од возилото и затоа тие не биле обележани со ушна маркичка.

Заради ваквиот чин, од „Лајка“ велат дека во иднина нема да постапуваат по пријави од граѓани за кучиња кои се наоѓаат во лошо оградениот простор на гробиштата кои се во сопственост на АД „Бутел“.

Од АД „Бутел“, пак, велат дека досега имале одлична соработка  со „Лајка“ и оти немало шанса вакво нешто да се случи.

-На нивниот мејл сме поднесувале барања за заловување на кучиња со фотографии. Тоа е, всушност, и начинот на кој функционира ова јавно претпријатие. Ние сакаме проблемот со бездомните кучиња да се реши во заеднички интерес и на Ад „Бутел“ и на посетителите на градските гробишта.

Доколку имало вакво нешто тоа би стигнало до претпоставените и проблемот би бил решен – одговорија од АД „Бутел“.

(А.П.)