Вработените во Амазон изразиле согласност за формирање синдикат на магацинот на Стејтен Ајленд

34

Вработените во Амазон во Њујорк гласаа „за“ формирање на првиот американски синдикат во гигантот за онлајн трговија, покажаа резултатите објавени денеска.

Тоа според американските медиуми е пресвртница за компанијата која цврсто се спротивставува на организирана работна сила меѓу нејзините вработени.

Вкупно 2.654 вработени во складиштето ЏФК8 на Стејтен Ајленд гласаа „за“, а 2.131 „против“ поддршка на синдикалната акција, покажа пребројувањето на гласачките ливчиња од Националниот одбор за работни односи.

Во Амазон се вработени околу 1,1 милион луѓе во САД