Вработена во продавница во Сплит убиена со нож, напаѓачот уапсен

954

Денеска околу 15 часот се случи убиство во Сплит кога маж влегол во продавница и нападнал со нож при што тешко ранил жена која е работничка во таа продавница.

Таа со тешки повреди со возило на Брза помош била пренесена во болница, каде починала, соопшти полицијата.

Вработените го задржале човекот до доаѓањето на полицијата, пишува Н1 Загреб.