Вработена во МЕПСО ja оштетила команијата со 360.000 евра за нефункционален систем

216

Поранешен член на управен одбор на МЕПСО заработи кривична пријава за набавката на информациски систем кој бил финансиран од Светсакта банка. Осомничената била  одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project. Пријавата е за несовесно работење во службата.

„Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари стои во соопштението од Управата.