Во Њујорк: Изложба на тема „Пиперка“ со македонски уметници 

142

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк, на 17 мај, ќе биде отворена групната изложба со наслов „Пиперка“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на македонските уметници Решат Амети, Сергеј Андреевски и Емил Шулајковски, а нивни гости ќе бидат уште седуммина уметници и тоа од САД: Памела Тол, Гејл Тастин, Ерика Харис и Кејт Синклер, Мариа Павловска и Роберт Дандаров – македонски уметници кои живеат и творат во САД и Воскресија Андреевска.

„Пиперката е производ што доминира во македонската кујна. Присутна е како основна храна и како додаток на јадењето, зачин. Блага, малку лута и лута – токму онаква каков што е и животот што денес сите ние го живееме. И гостите уметници од САД имале можност да ја вкусат нашата пиперка, а покрај неа и нашата култура. Но, сите тие, и во својата земја, на различни начини се соочуваат со лутината на пиперката, на животот!“, истакнува Сергеј Андреевски, куратор на проектот.

Изложбата ќе биде отворена до 28 мај.