Во Љубљана запалени четири автомобили

66

Четири автомобили изгореа во пожар што избувна во населба во Љубљана нешто пред 5:00 часот утрово, соопшти денеска Службата за цивилна заштита.

Полицијата во моментов ги истражува причините за несреќата во која нема повредени. Томаж Томажевич од словенечката полиција рече дека во пожарот биле запалени четири возила, од кои две целосно изгореле.

– Полицијата продолжува да собира податоци за околностите што довеле до пожарот. За се ќе го известиме Обвинителството, додаде тој.