Во јуни ќе се знае кога ќе се вози по автопатот Кичево-Охрид

Досега се завршени 68 проценти од работите, односно потрошени се 62 процента од 598 милиони евра, колку што е договорено да чини изградбата. Од предвидените 70 измени на трасата досега се одобрени инфраструктурни проекти за 20. Со втор анекс на договорот ќе се продолжи рокот за изградба кој истекува наредниот месец, но нема да се менува предвидената вредност на градежните работи

884

Кога ќе може да се вози по новиот автопат Кичево-Охридшто се гради веќе седум години, ќе се знае во јуни. Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта уште преговараат со изведувачот и кредиторот за новиот реален рок за изградба на оваа делница, што нема можност да биде завршена до наредниот месец, кога истекува рокот поставен со првиот анекс на договорот.

Ова ќе биде трет рок за изградба, а втор што се утврдува со анекс на договорот. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера изјави дека во јуни анексот на договорот ќе се достави до Собранието за донесување по итна постапка, но со него само ќе се пролонгира датумот зазавршување на работите, но нема да се менува сумата.

-Во текот на јуни ќе влеземе во Собранието, со анекс на договор за овој автопат што ќе значи продолжување на рокот за изградба. Во овој момент Јавното претпријатие за државни патишта преговара заедно со Министерството за транспорт со изведувачите и кредиторите до кога ќе биде реалниот рок за да се изгради овој автопат и за да го продолжиме рокот. Но важно едека дополнителни средства во овој момент не се предвидуваат, рече Бочварски.

Тој информирадека досега се завршени 68 проценти од работите, односно потрошени се 62 процента од 598 милиони евра, колку што е договорено да чини изградбата. Од предвидените 70 измени на трасата досега се одобрени инфраструктурни проекти за 20.

-Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Останатиот процент на реализација се работи. Министерството за транспорт и врски во изминатите месец и половина одобри 20 инфраструктурни проекти,со што на 20 позиции даваме шанса за уште  побрз развој на настаните и изградба на овој автопат. Тоа за мене е многу значајно бидејќи од 70 инфраструктурни проекти што ни стигнаа за 70 измени на овој пат веќе имаме одобрени 20. Отвораме силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите, рече министерот.

Изградбата на овој автопат кој требаше да биде готов за четири години, ако се земе предвид првиот рок, 2018 година, доцни веќе три години. Поради проблеми на трасата со првиот анекс на договорот рокот зазавршување на работите беше поместен за јуни годинава, а сега ќе има ново пролонгирање. Вредноста на овој автопат долг 57 километри исто така е зголемена со анекс на договорот, па според последната утврдена сума, изградбата на еден километар ќе чини фантастични 10 милиони евра.

Според Бочварски, министерството на чие чело е тој има добрареализација на капиталните инвестиции. Вели дека во време на пандемија кога ударот на економијата е огромен се реализирани 80 проценти. Додава дека во овој период градежништвото добро гоиздржало ударот, а Министерството за транспорт и врски во првиот квартал годинава остварило над 15 проценти од капиталните инвестиции, што е граница поставена со новата алатка на Министерството за финансии.

(С.В.)