Во јануари реализирани 1,09 отсто од средствата за капитални инвестиции

194

Капиталните инвестиции од државниот буџет „тргнаа“ со само 1,09 отсто реализирани средства до сега годинава, односно во јануари 2019-та, покажуваат податоците од Министерството за финансии за минатиот месец.

За 2019 предвидени се 418 милиони евра за крупните проекти во инфраструктурата, а лани беа потрошени само 65,6 отсто од предвидените по што Владата остатокот од парите им го додели на општините за да ги вратат долговоте кај фирмите. Беа потрошени само 197 милиони евра.

Економските експерти веќе подолго време предупредуваат дека капиталните инвестиции мора да се реализираат за да може да се направи исчекор во економијата.  Станува збор за изградбата на патиштата,  железница,  гасификацијата, инвестиции со јавни приватни партнерства и концесии во енергетиката, инфраструктурата, земјоделството

Од Владата за оваа година најавија дека тие полесно ќе се реализираат затоа што, за разлика од минатата година сега немало  проблеми во проектните документации и  претходни прашања за решавање.