Во што се лади Благица Павловска на тропските + 40 ?

354

Популарната македонска фолкерка Благица Павловска им пркоси на летните горештини, па своето слободно време го минува на една од плажите. Тоа е за Благица најдобар избор и начин да се освежи. Со ладни пијачки, сладоледот, во дебела ладовина, со по некое парче ладна лубеница и со пријатни муабети. Доволно денот да и биде како од најубав летен сон. На обврските и грижите ќе мисли таму на есен, кога ќе помине ова тропско лето. – Не функционирам кога е вака топло. Тогаш најмногу сакам да сум само покрај вода, солена или слатка, сеедно, и лесно облечена, се разбира во омилениот костим за капење, ни ја разјасни дилемата Благица, како се спасува кога е многу топло и жешко. Д.М.