Во штипското училиште „Славејко Арсов” инвестирани 30.000 евра

56

Во Општинското основно училиште „Славејко Арсов” во штипската населба Баби од денеска стартуваше изградбата на мало игралиште, со површина од 350 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, којшто денеска изврши увид во градежните работи рече дека оваа инвестиција чини 750.000 денари.

-Од буџетот на општината годинава е довршен и тунелот, кој е топла врска меѓу училиштето и спортската сала, овде вложивме 230.000 денари, а набавени се и смарт табли, дигитализација на целото училиште, а висината на оваа инвестиција е 650.000 денари. Заедно сите трошоци за реализација на поситни проекти во ова училиште во текот на годинава имаме инвестирано 1.700.000 денари или нешто помалку од 30.000 евра, рече Бочварски.

Директорот на ООУ „Славејко Арсов”, Павле Мицов вели дека новото игралиште е интерактивно, а на него ќе има интерактивни игри, кои се подзаборавени од младите генерации. На него ќе ги има игрите клин плочка, броенки, цик цак линии.

-Се надевам дека ова ќе биде убаво катче за учениците во текот на топлите месеци, во исто време во училиштето се гради и ракофат за лицата со посебни потреби, вели Мицов.