Во штипскиот затвор се чекаат резултатите од тестирањето на две осудени лица

44

Две осудени лица во штипскиот затвор вчера се тестирани и денеска се очекуваат резултатите, информира директорот Мики Тодоров.

Петте осудени лица кои се заразени со коронавирусот се во добра состојба и досега не покажале потешки симптоми. Меѓу заразените се и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и Митко Пешов, поранешен началник на специјалнте полициски сили.

-Нашиот лекар секојдневно ги прегледува и им ја дава потребната терапија и е постојано во контакт со инфектолозите од штипскиот Ковид центар, додаде Тодоров.

Троца вработени во оваа казнено-поправна институција исто така се позитивни на коронавириусот, а досега болеста ја поминале 15 вработени.

Тодоров вели дека деновиве го доставиле и списокот на вработени, кои сакаат да се имунизираат, околу 60 проценти од вработените пројавиле интерес.

Во штипскиот ковид центар во изминатите 24 часа починаа четворица пациенти, двајца од Штип и по еден од Берово и Виница на возраст од 64 до 74 години. Хоспитализирани се вкупно 75, а 47 се на постојана кислородна поддршка.

Извор: МИА