Во Шпанија најмал број на починати лица од Ковид-19 од половината на март

16

Бројот на починати од последици од Ковид-19 во Шпанија во последните 24 часа изнесува 102, што е најмала цифра од средината на март, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Во Шпанија од новиот коронавирус починаа 27.563 луѓе, а 230.698 се инфицирани, а се ислекувале 188.967 лица.

Шпанија е втора земја во светот, а прва во Европа по бројот на инфицирани и починати лица од последици од Ковид-19.

Извор:МИА