Ова лето неколку фудбалски ѕвезди ја напуштија шпанската Ла Лига, пред се Лионел Меси си замина од Барселона, додека Реал го загуби Серхио Рамос. Факт е дека со нивното заминување, Примера загуби многу.

Заминувањето на големите sвезди ја здрма шпанската лига, но многу фудбалски експерти веруваат дека и денес во оваа лига играат играчи кои и даваат една димензија повеќе.

Еден од оние кои сметаат дека Ла Лига располага со одлични фудбалери е тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој посебно го пофали крилото на Реал, Виникус Жуниор.

  • Рамос и Меси се преселија во Франција. Лигата загуби одлични играчи, но има и други кои сега го покажуваат својот потенцијал. Еден од нив е нашиот Винисиус, изјави Анчелоти.

По пет одиграни кола, Реал Мадрид котира високо на табелата и воедно е главен кандидат кога е во прашање титулата во Шпанија.