Во Швајцарија се планираат безбедни сефови во Алпите за скапоценостите на светските богаташи

128

Отсекогаш позната како бастион на дискрецијата и сигурното банкарство, Швајцарија наскоро ќе им понуди на светските богаташи уште еден избор за чување на нивните вредни своини:пештери во алпските карпи, по почетна цена од 500 000 долари.

Идејата потекна од претприемник во центраниот дел на Швајцарија, кој е дом на масивот Бриних, гломазна планина која се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Луцерн.

Вашето богатство сместете го во црвстиот планински масив. Безбедно место за чување на скаподености и чувствителни податоци, пишува на својот сајт Бруениг Мега Сејф АГ, фирма која прави „сефови“ во карпите.

Таа компанија, како што наведува Блумберг, има намера во планината да искористи простор голем колку 10 фудбалски терени, ама, по потреба тој може да биде и проширен, според зборовите на член на неговиот одбор, Хуго Шитенхелм.

Таканаречените швајцарски сефови во карпите ќе бидат со големина од 100 кубни метри до речиси 1000 пати поголеми, чија висина ќе достига и 90 метри, според веб-страницата на смоменатата компанија. Во карпестите ѕидови ќе биде осигурана постојана влажност од околу 40 отсто, а температура од 12 степени Целзиусови. Цената на закупот ќе се движи од 500 000 долари, па нагоре.

Покрај тоа што се идеални за чување скапоцености, како уметнички дела, злато, хартии од вредност, или дури олд тајмер автомобили, сефовите во карпа се идеални и за случувања кои бараа најголемо ниво на тајност и безбедност, наведува Бруениг Мега Сејф АГ.

Светските богаташи се повеќе трагаат по безбедни места, во време кога пандемијата на вирусот корона ги унакази светските пазари, а граѓанските немири потекнаа од САД, преку Хонгконг до Лондон.

Проектот се реализира во соработка со Гасер Фелстехник АГ, компанија специјализирана за инженеринг и подземни конструкции.

Сефовите во карпите ќе бидат направени така да бидат во близина на веќе постоечки локации на Газер во тој масив, вклучително со стрелиште, луксузен ресторан, магацин за експлозив и станици за тренинг на пожарникари, неопходни за интни интервенции во тунелите.

Извор:www.bloomberg.com/news