Во чест на познатиот француски актер:Мостот во Париз со поглед кон Ајфелова ќе биде преименуван во „Шеталиште  Жан Пол Белмондо“

25

Мостот во Париз познат по металната конструкција и погледот кон Ајфеловата кула на почетокот на април ќе биде преименуван во „Штеталиште Жан Пол Белмондо“.

Овој потег е во чест на познатиот француски актер кој почина во 2021 година, соопштија градските власти.

Белмондо, познат по прекарот Бебел, на тој мост снимил сцена од филмот „La peur sur la ville“ (Страв во градот) во 1975 година на режисерот Анри Вернеј. Актерот во тој филм го играше полицискиот комесар Летелиер.

Познатиот актер се повредил на таа сцена и тоа му била единствената повреда во текот на кариерата, изјавиле градските власти и додале дека местото го избрале заедно со семејството Белмондo.

Инаугурацијата ќе биде на 9 април, кога актерот ќе наполнеше 90 години.

Белмондо се прослави со улогите во филмовите „Новиот бран“ во 1960-тите, пред да стане акциона ѕвезда во 1970-тите. Негови најпознати филмови се „Професионалец“, „Борсалино“, „До последен здив“ и „Човекот од Рио“.

Во екот на неговата кариера, Французинките често го споредуваа Белмонo во однос на неговата убавина со неговиот малку помлад филмски колега Ален Делон (Ален).