Во чест на обединувачката моќ на музиката:Елтон Џон се подготвува за концерт во Белата куќа

78

Белата куќа во петок ќе биде домаќин на британскиот музичар Елтон Џон, кој ќе одржи концерт за „прославување на обединувачката и обновувачка моќ на музиката“, соопшти американската администрација.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил исто така сакаат да ја поздрават британската поп легенда, се додава во соопштението.

Белата куќа ќе ги покани на концертот „оние кои секој ден пишуваат историја“, вклучувајќи едукатори, медицински персонал, студенти, активисти за правата на ЛГБТ+ и луѓе кои се залагаат за подобра грижа за менталното здравје.

Предвидено е Бајден и неговата сопруга да одржат говори.

Елтон Џон, кој минатата пролет го прослави својот 75-ти роденден, е познат по хитовите „Goodbye Yellow Brick Road“, „Your Song“, „Rocket Man“ и „Can You Feel The Love Tonight“, отворено е геј и е посветен на борба против сидата.