Во Црна Гора секој втор кој е невработен не сака да работи

51

Директорката на Управата за статистика на Црна Гора, Гордана Радојевиќ вели дека во земјата постои голем проблем со неактивност на населението, затоа што секој втор невработен не сака да работи. Овие луѓе не бараат работа.

Дел од населението не работи и не бара работа, односно да им се понуди работа не би ја прифатиле, вели таа.

„Секако дека одреден процент на неактивност е неизбежен, особено за младата популација која студира, се усовршува. Меѓутоа, и покрај тоа, Црна Гора е земја со највисока стапка на неактивност во ЕУ и пошироко“, изјави Радојевиќ.

Покрај стапката на невработеност која изнесува 14,1 отсто, Радојевиќ тврди дека повеќе загрижува податокот што во просек во Црна Гора неактивни се 45 проценти од популацијата од 15 до 64 годишна возраст.

Економскиот раст за кој говори власта во државата навистина се чувствува, а во прилог на тоа сведочи европската статистика.