Во Центар на три локации поделени пакети со храна

106

Викендов, службите на Општина Центар во соработка со невладината организација „Банка за храна” поделија пакети со прехранбени намирници на повеќе локации низ територијата на општината.

Пакетите беа донирани за:
1. Згрижувачки семејства во населбата Кале;
2. Центар за помош на лица со ментален хендикеп – Порака;
3. Во полициските станици „Центар” и „Пролет”.

– Нашите пријатели од компанијата Витаминка, обезбедија 50 пакети за помош и поддршка на нашите сограѓани – информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.