Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ, остана без својот љубимец, скапиот автомобил Ферари. Автомобилот на поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација бил непрописно паркиран, а ова беше совршен момент за градоначаникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ да покаже дека законите важат за сите.

Богдановиќ, кој е и прв човек на КК Работнички, веста ја потврди за весникот ВЕЧЕР.  Имено  “возилото пајак“ на ПОЦ го дигнало  Ферарито на Антиќ зашто не било паркирано на соодветно место, а ваквиот потег на градоначалникот наиде на одобрување од страна на обичните граѓани кои се согласни  дека секое возило што е непрописно паркирано треба да биде отстранетот, макар тоа било и на најдобар пријател.